Најпознатиот текстописец во регионот Марина Туцаковиќ откри без што не може се уште да живее откако преживеа вистински пекол со болеста.
Српските медиуми пишуваат дека нејзиното здравје не е идеално, но не се откажува од поразување на ракот со кој се соочува во последните неколку години.
-Оваа моја ситуација е како да чекате дали ќе добиете на „Лото“, вели Марина Туцаковиќ за српски „Информер“.
Таа додава дека не е дисциплинирана и дека пуши цигари и понатаму.
-Не можам без цигари, вели авторката на безброј хитови во Србија и околината.
Таа откри уште поголем порок, а тоа е дека сакала уште повеќе да пие, но поради лековите не можела да го направи тоа.
-Единствено водам сметка на исхраната, но јас од секогаш се хранам здраво. Јадам убаво и редовно, особено сега кога сум на инсулин, па морам да имам три оброка дневно, додава Туцаковиќ.