„Се договорив сè со Путин“: Лукашенко ја стави армијата во состојба на борбена подготвеност, најави санкции

Денес, претседателот на Белорусија, Александар Лукашенко, нареди половина од армијата  да влезе во состојба на борбена подготвеност, како одговор на она што тој го смета за закана од Западот, пренесе агенцијата „Белта“. 

-НАТО започна вежби веднаш до нашата граница. Што друго да правам – рече Лукашенко.

Тој рече дека ставањето на половина од армијата во режим на подготвеност за борба „не е евтино“, пренесува Ројтерс.

Лукашенко исто така рече дека се согласил со неговиот руски колега Владимир Путин дека двете земји ќе обединат трупи во случај на закана од Западот.

Претседателот на Белорусија објави и санкции: 

Лукашенко се закани денеска со реципрочни мерки како одговор на воведувањето санкции против  земјите заради резултатите од претседателските избори, кои не се признати од опозицијата, но ниту од ЕУ, ниту од САД. 

– Дадов упатства до владата да достави предлог сите трговски текови од пристаништата во Литванија да бидат насочени кон другите. Ајде да видиме како ќе живеет со тоа – рече Лукашенко, како што е соопштено од агенцијата Белта.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.