Се заканува ли епидемија на жолтица?

На Клиниката за гинекологија и акушерство, и во Специјалната болница за гинекологија и акушерство во Чаир за новороденчињата нема вакцина против хепатит. Таа вакцина на новороденчињата им се става веднаш по раѓањето или најмногу по четири до пет часа. Педијатрите реагираат дека доколку продолжи ваквата состојба можна е епидемија на жолтица во двете најголеми родилишта во Скопје. Граѓаните се жалат дека лекарите ги советуваат да си ги набават сами, но колку и какво е тоа решение?
Некои родители се снаоѓаат на тој начин што ги набавуваат вакцините во соседните држави, но педијатрите предупредуваат дека не може вакцината да се зема така од државите во соседството. Таа мора да се чува, а и да се транспортира во посебни услови или во посебно фрижидерче.
Надлежните не информираат дали информацијата е точна и ако е така зошто нема вакцина. Одговор нема ниту од Министерството за здравство, ниту од првите луѓе на двете најголеми гинеколошки клиники во Скопје.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.