СЕ ЗАОСТРУВААТ ОДНОСИТЕ МЕЃУ ПОЛСКА И РУСИЈА: Варшава реагира, Москва го игнорира инцидентот со руската крстосувачка ракет

Рускиот амбасадор во Полска, Сергеј Андреев, не дојде во Министерството за надворешни работи во Варшава, иако беше повикан таму, изјави портпаролот на одделот Павел Вронски, цитиран од британските и руските медиуми.

Дипломатот бил повикан во врска со инцидентот што се случил вчераутро, кога полското Министерство за одбрана пријавило нарушување на воздушниот простор на земјата на границата со Украина. Според него, станува збор за руска крстосувачка ракета.

Според полската воена команда, проектилот лансиран од руското воено воздухопловство влегол во полскиот воздушен простор во областа на градот Осердов во Лублинското војводство на границата со Украина и го напуштил по 39 секунди.

Пронајдете не на следниве мрежи: