СЕ ЗАСАКАЛЕ КАКО ДЕЦА, ПА СЕ РАЗДЕЛИЛЕ: Нашла друг, но трагичен настан ПОВТОРНО ГИ СПОИЛ

Прекрасната љубовна приказна на Лионел Меси и Антонела Рокузо ја враќа вербата во вистинските и искрени чувства.

Лионел Меси ја напиша својата неверојатна биографија и 1000-тиот натпревар во кариерата кој го зачини со еден гол! Токму ова е мечот на Светското првенство, кога Аргентина во осминафиналето ја победи Австралија. Сепак, еден од најдобрите фудбалери на планетата често истакнува дека не би бил толку успешен доколку зад себе нема прекрасно семејство на чело со неговата убава сопруга Антонела Рокуза.

Нивната љубовна приказна е како сценарио за романтичен филм. Иако се заедно со години, нивната идила не ја наруши ниту еден скандал. Меси и неговата сопруга се запознале како деца преку нејзиниот брат. А познатиот фудбалер многу години подоцна призна дека често се дружел со него, само за да биде во друштво на Антонела.

Од друга страна, оваа убавица му пишувала и писма, а целата нивна асоцијација била преслатка. Но, за жал, животот ги раздели кога семејството на Меси се пресели во Барселона за неговата фудбалска кариера.

  • Замислете да се преселите на нов континент со вашето семејство на 13 години и нивната иднина зависи од вас. Тоа беше комплицирано време. Од една страна, беше спектакуларно да се дојде и да се игра во Барселона. Од друга страна, беше тешко да се остави сè зад себе: пријателите, остатокот од семејството, детството. Стигнавме во земја каде што немав ништо. Почнав од нула – изјави еднаш Меси.

И Антонела и Меси продолжија со животот. Лионел стана еден од доминантните играчи на теренот, а Антонела се посвети на образованието и стана неодолива дама. Се запишала на стоматологија и стапила во емотивна врска со друг маж.

Но судбината имаше поинаков план за нив. Ги собрала повторно, и тоа поради трагичен настан. Имено, најдобрата пријателка на Антонела починала во 2005 година. Поради таа несреќа паднала во депресија и престанала да оди на факултет. Меси потоа дојде во Аргентина само поради неа, да ја поддржи да излезе од толку тешка психичка состојба.

Во меѓувреме го оставила своето момче, а меѓу нив повторно се појавиле љубовни искри и му дала шанса. Тие долго време ја криеја својата емотивна врска, а конечно во 2009 година на сите им открија дека се сакаат. Судбоносното „да“ еден на друг го кажаа на гламурозна свадба во 2017 година, а круната на нивната љубов се тројца наследници.

  • Ме остави, но барем не ме остави за никого, туку за Меси – изјави еднаш нејзиниот поранешен партнер.


Пронајдете не на следниве мрежи: