Се затвораат џамиите во Србија
Исламската заедница во Србија, нејзиното ракодовство денеска одлучи да ги затвори џамиите заради големото влошување на состојбата со КОРОНАВИРУСОТ и зголемувањето на бројот на заразени во Србија, особено во Санџак каде што има голема муслиманска заедница.
Одлуката е донесена за да се спречи ширењето на КОРОНА ВИРУСОТ преку џамиите, се вели во соопштението објавено на веб-страницата на Исламската заедница во Србија, кое го потпиша претседателот на Мешихатот, муфтијата Мевлуд еф. Дудиќ
Се додека не се подобри состојбата, молитвите да се извршуваат само од имами и муезини, а се препорачува сите џенази да започнат од семејни куќи, како и верниците да се поклонуваат во согласност со можностите, пред џамиите или локалните гробишта, во присуство само на најтесното семејство.
Пронајдете не на следниве мрежи: ©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.