Се зголемува бројот на жртви во земјотресот кој ја погоди Хрватска

Најмалку шест лица загинаа во силниот земјотрес кој денеска ја погоди Хрватска. Спасувачките екипи под урнатините ги извлекле телата на 13 годишно девојче од Петриња и пет други лица од Мајска Полјана. Според досегашните информации има повеќе од 20-тина повредени лица. Серија силни афтершокови продолжуваат да го тресат регионот околу Петриња, каде беше и епицентарот на најсилниот потрес од 6,3 степени според Рихтер. Еден од тие силни афтершокови ја прекина и пресконференцијата на жупанот на Сисак, Иво Зиниќ.
Спасувачките екипи и цивилите продолжуваат да трагаат по затрупани граѓани, а дел од нив обвинуваат дека ненавремената интервенција од страна на брзата помош, го чинело 13 годишното девојче живот.
Хрватските медиуми јавуваат за голема материјална штата, особено во Петриња, има повеќе оштетени објекти а некои се и целосно срушени. Меѓу тешко оштетените објекти е и болницата во Сисак, но директорот Томислав Дујменовиќ изјави дека дека нема повредени меѓу пациентите и медицинскиот персонал. Од целата општа болница неоштетена останала само зграда на гинекологијата, каде сега сместиле дел од пациентите, додека критичните пациенти со хеликоптери ги префрлиле во други болници низ земајта.
Потресите предизвикале голем број на дефекти на електричната мрежа во и околу погодениот регион. Без струја се Петриња и Велика Горица и делови од Сисак и Загреб, соопштуваат од Хрватсњкото електростопанство. Нуклеарната електрана Кршко автоматски се исклучила по потресот и не претрпела никакви оштетувања.
Ова е втор силен земјотрес што ја погодува Хрватска годинава, откако на 22 март Загреб беше погоден од земјотрес со јачина од 5,5 степени, во кој загина едно девојче.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.