Се зголемува бројот на заразени со британскиот сој на вирусот Ковид-19

Бројот на потврдени случаи со новата варијанта на вирусот Ковид-19 се зголемува. Во рок од два дена е забележано зголемување од 30% на заразените со британскиот сој на вирусот. Сепак, министерот за здравство смета дека нема потреба од нови ограничувачки мерки, уверувајќи ја јавноста дека државава во моментов има доволен капацитет за третман на заболените.
Вакцинацијата на здравствените работници продолжи и денеска. Бројот на медицински лица кои се вакцинирани надмина 700. Процесот ќе продолжи во понеделник.
Во моментов, бројот на позитивни пациенти кои се лекуваат на инфективните одделенија во земјата е 622, додека во ковид-центрите има околу 420 слободни кревети.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.