Како што вели таа, нејзината најголема поддршка се нејзините деца.
Иако од разделбата на Бред Пит и Анџелина Џоли поминаа четири години, и денеска се пишува и зборува за тоа со ист интензитет.
Во последно време најмногу се зборува за старателството на нивните деца, како и односот на Бред со нив.
Сепак, Анџелина неодамна открила дека децата ѝ биле најголемата поддшка во тешките денови:
„Мојата сила доаѓа од моите деца. Сите родители знаат дека постои таа сила внатре во нив која што непрекинато расте. Не знам откаде имам верба, но сигурна сум дека се наоѓам во некаков преоден период, како да се враќам на моите сопствени корени, а се изгубив себеси.
Мислам дека сето тоа почна кога на нашата љубовна врска ѝ се приближи крајот. Тоа беше комплициран период, не можев самата себе да се препознам и станав мала, скоро безначајна, дури и невидлива. На крајот се соочив со некои здравствени проблеми. Сето тоа ме потсети колку сум среќна што сум жива“ – открила Џоли.