Се обидува да заработи преку покојниот Тоше – Карлеуша удри по Таировиќ по нејзината посета на Крушево

Српската пејачка Теа Таировиќ има закажано концерт во Арената “Борис Трајковски”, во Скопје на 30-ти ноември, па по тој повод вчера со новинарите одржа прес-конференција на кои ги истакна сите детали за претстојниот концерт.Како и што најави вчера, по пресот таа замина за Крушево, родниот град на нашата музичка легенда Тоше Проески, бидејќи како што истакна пејачката никогаш не била во неговиот роден град и би сакала да дознае повеќе за Тоше, воедно и да му оддаде почит.-Денес дознав уште многу детали за неговиот живот и полна сум со емоции и убавина! Колку ги сакал луѓето, музиката, животот… Македонија ја препознала неговата генијалност и вонсериски талент уште на почетокот на неговата кариера, напиша Таировиќ, позирајќи со плишано мече покрај изложените фотографии на Тоше.Сепак, ова наиде на остра критика од нејзината колешка, пејачката Јелена Карлеуша, која на социјалните мрежи ја прозва и повика на бојкот, бидејќи како што вели Теа се обидува да добие поени преку покојниот пејач, се со цел подобро да го продаде нејзиниот настап во Скопје, и да ги освои симпатиите на Македонците.-Лажни солзи, евтината патетика од уште поевтини пејачки со злоупотреба на ликот и делото на покојниот Тоше Проески, добива најлош нечовечки и нечесен облик!Лигаво да се заработи, и тоа позирајќи пред камери! Дното го доби својот подрум! Сигурна сум дека Македонците ќе ги препознаат таквите лиги и ќе ги наградат со апсолутен бојкот, порача Карлеуша.Кон крајот на 2022 година, Теа беше мета на критики во земјава, откако на социјалните мрежи се појави видео снимка од нејзин настап во Благоевград, Бугарија, каде го промени текстот на песната “Македонско девојче”. Наместо “Македонско” девојчето стана “Бугарско” во променетиот текст, по што следеа бурни јавни реакции од нејзините македонски обожаватели.По низата критики се огласи на Инстаграм со порака дека ќе сними песна за Македонија, со која ќе оддаде почит и благодарност за сета љубов која ја добивала од Македонците, но до денес, песната не е издадена.

Пронајдете не на следниве мрежи: