Обвинителството на Македонија соопшти за тешка сообраќајна несреќа кај Куманово, во која учествувал и Ѓорѓе Давид и во која едно лице загина, а неколку се повредени.
Според првите информации, прво се судриле два автомобила, „фолксваген поло“ со кумановски регистрации и „фолксваген голф“ со скопски регистерски таблички. Како што се истакнува во соопштението до судирот дошло кога возачот на еден од автомобилите влегол на автопатот во спротивен правец.
- Г7: Ќе ја поддржуваме Украина се додека е потребно во војната против РусијаГрупата од седумте индустриски најразвиени земји во светот (Г7), предводена од- прочитај повеќе
- Пресвртна точка за мир или „Пандорина кутија“? Шолц му се јави на Путин поради страв од потегот на Трамп – Украина останува без поддршка од Запад во војната?Германскиот канцелар Олаф Шолц во петокот иницираше телефонски разговор со рускиот- прочитај повеќе
- Убиство во Скопје: Пијан скопјанец го донел познаникот дома и пред сопругата и синовите пyкал во негоЈавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување- прочитај повеќе
- Хороскопски знаци кои имаат тенденција да филозофираатИма луѓе во светот кои секогаш бараат подлабоко значење во сè- прочитај повеќе
- Захарова: Шокантно но вистинито, Xитлеp е почесен граѓанин во четириесетина градови низ ГерманијаПретставничката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова, ја коментираше- прочитај повеќе
„По тој првичен судир од автомобилот излегла сопатничката од возилото со кумановски регистрации и во тој момент на неа налетал автомобил „опел“ со српски регистарски таблички. Од ударот жената се здобила со тешки телесни повреди, од кои починала”, се вели во соопштението на обвинителството.
Издадена е наредба за обдукција на жртвата, но и за преглед на примероци од крв и урина на останатите учесници кои во моментов се хоспитализирани со полесни повреди.
,,Собрани се траги и материјални докази кои ќе бидат предмет на вештачење со цел прецизно да се утврдат причините за сообраќајната несреќа“, се додава во соопштението.
Да потсетиме, несреќата се случила синоќа околу 20 часот на патот Куманово-Табановце, а во несреќата загинала Љ. Т.(49).
Полицијата претходно соопшти дека „полото“ го управувал Б.Т.(24) од Куманово, додека „голфот“ го управувал В.П.(45). Зад воланот на ,,Oпел инсигнија” бил Ѓорѓе Давид.
Пронајдете не на следниве мрежи: ©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.