Менаџерот на хрватската пејачка Северина Коиќ, Томислав Петровиќ, се огласи откако на интернет протекоа голите фотографии на кои наводно е пејачката, пишува „Индекс.хр“
– Сето ова се „случува“ токму откако Северина пак победи во судските постапки. Ваквите одмазди на бившиот партнер, местенки и обид за дискредитација не се ништо ново. Се поставува прашањето каде се границите на тоа и со кои уште средства ќе се послужи. Утрово се преземени сите правни работи за заштита на правата и интересите на Северина – рекол за „Индекс.хр“ Томислав Петровиќ