Членот на политичкото биро на движењето Хамас, Басем Наим денеска изјави дека смртта на лидерот не значи крај на движењето.
Тој рече дека организацијата не може да биде уништена со убивање на нејзините водачи, пренесува Би-Би-Си, додавајќи дека не ја потврдил смртта на лидерот на Хамас, Јахја Синвар.
„Изгледа дека Израел верува дека убиството на нашите водачи значи крај на нашето движење и борбата на палестинскиот народ. Не е првпат Израел да каже нешто такво“, рече тој, алудирајќи на убиствата на претходните лидери на Хамас и додавајќи дека станале „икони“ за идните генерации.
Тој додаде дека Хамас верува дека судбината на таа организација е „или победа или мачеништво“.
„Да, многу е болно и вознемирувачко да се губат најблиските, особено извонредните лидери како нашиот, но она во што сме сигурни е дека на крајот сме победници – ова е исходот за сите луѓе кои се бореле за својата слобода“, рече тој. рече Наим.
Водачот на милитантната група Хамас, Јахја Синвар, беше убиен во израелска операција во четвртокот.