Се огласија Русија и Иран | СВИФТ Е УКИНАТ

Иран и Русија официјално престанаа да го користат системот SWIFT за директни меѓубанкарски трансфери.

Ова го соопшти заменик-шефот на Централната банка на Иран (ЦБИ), Мохсен Карими.

Тој изјави дека на компаниите од двете земји им е овозможено да тргуваат во националните валути, наместо да користат долар или евро.

Висока загаденост на воздухот во Македонија: Во Кичево девет пати над дозволеното
Загаденоста на воздухот вечерва во Македонија е на високо ниво, покажуваат податоците од платформата на Министерството за животна средина air.moepp.gov.mk Дозволени според закон во Македонија …
Околу 80 отсто од потврдените смртни случаи во Газа се луѓе убиени во израелски напади врз станбени згради
Околу 80 отсто од потврдените смртни случаи во Газа се луѓе убиени во израелски напади врз станбени згради, објави денеска агенцијата на ОН за палестински …

„На банките на нашите две земји повеќе не им е потребна Швајцарија за да комуницираат меѓу себе и комерцијалните банки на двете земји можат да воспостават меѓусебни брокерски односи. Иранскиот извозник сега може да ја наплати руската страна во риали и да добива пари од нив преку руските банки во Иран. “ рече Карими. истакнувајќи дека системот дозволува плаќање и во руски рубљи, пренесува RT.

SWIFT е систем за банкарски пораки што овозможува финансиски трансфери низ целиот свет, а по почетокот на војната во Украина, руските банки беа исклучени од SWIFT.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.