Седницата на која на дневен ред беше Резолуцијата за Сребреница нема да се одржи на 2 мај – повторно се одложи. Ова го потврди амбасадорот на Босна и Херцеговина во ОН, Златко Лагумџија. Денеска бил испратен тексот на ревизија, и се чека дали земјите членки на ОН имаат други предлози за текстот.
„Генералното собрание ќе се одржи по 6 мај, во зависност од распоредот на седниците, што ќе го знаеме во вторник. Во оваа одлука учествуваше и мисијата на Босна и Херцеговина во ОН, со цел оние на кои им треба време или оние кои се подготвени за подобро разбирање на текстот на резолуцијата, дека како група пријатели и спонзори на резолуцијата, тие се отворени за понатамошни консултации“, рече Лагумџија.
Инаку српскиот претседател Александар Вучиќ изјави дека во Њујорк имал сериозни и важни разговори со претставници на бројни земји за резолуцијата за Сребреница и оцени дека „многу луѓе се свесни, како и да гласаат, дека тоа нема ништо за направи со правдата и меѓународното право, но со политиката и геополитичките односи“.
Вучиќ на новинарите во Њујорк им рече дека Германците биле „водачите“, односно оние кои ја воделе кампањата во ОН и надвор и ги убедувале дека треба да гласаат за резолуцијата – да гласаат за да останат во добри односи со светските сили.