Се отвора првиот Nutella хотел – како ќе изгледаат собите?

Веста дека наскоро ќе се отвори Nutella хотел во Калифорнија израдува многу љубители на популарниот крем од лешник.
Во јануари 2020-та, италијанскиот бренд ќе отвори поп-ап, односно привремен хотел во долината Напа во САД.
Хотелот ќе биде отворен само еден викенд и ќе нуди сместување за две ноќи и три дена. За појадок, се разбира, ќе се служат оброци направени со Nutella.


Hotella Nutella, како што е наречен хотелот, ќе биде сместен на приватен имот.
Хотелот е сè уште во изградба и засега на јавноста ѝ се достапни само неколку 3D слики, на кои се гледа како би изгледал.


За оние кои сакаат да отседнуваат во хотелот, ќе треба да се пријават во натпреварот. За пријавување, учесниците треба да испратат видео од една минута, во кое на креативен начин ќе ја покажат нивната љубов кон Nutella.


za-site-ljubiteli-na-blagoto-vo-sad-kje-se-otvara-nutella-hotel-04.jpg
За жал, можат да учествуваат само жители на САД, а додека да дочекаме нешто вакво во Европа, слободно можеме да мечтаеме за престој во ваков хотел.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.