Се отвораат границите од петок, 26 јуни
Од петок, 26 јуни, без ниту еден услов ќе може да се влегува во Македонија на сите гранични премини. Движењето на патниците и возилата ќе биде слободно, без приложување ПЦР тест и задолжителна домашна изолација или државен карантин.
Сите македонски државјани кои се во странство, а сакаат да се вратат дома сега ќе можат без ограничувања да го сторат тоа.
Обратното, односно патувањето за нашите државјани е малку посложено. Македонците што сакаат да патуваат надвор од земјава, речиси каде и да заминат, освен во Србија, Косово и Албанија, се обврзани на условите – негативен тест и карантин.
Пронајдете не на следниве мрежи: ©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.