Помислата на лето, плажа и предизвикувачки костими за капење биле вистинска ноќна мора за Џели Девот (28) сè додека не одлучила да направи нешто добро за својот изглед и здравје – го оставила алкохолот кој ја уништувал нејзината фигура.
Честото уживање во алкохолот остави последици на нејзиното тело, а потоа стана Инстаграм сензација поради неверојатната трансформација.
Оваа Швеѓанка стана Инстаграм ѕвезда и инспирација на луѓето ширум светот, бидејќи во краток рок успеа да го доведе телото во завидна форма и да стане најдобра верзија од себе. Џели во раните 20 години била вистински “party манијак” и со пријателите излегувала најмалку три пати неделно. Со оглед на тоа дека консумирала многу алкохол кога излегувала, нејзиното тело започнало да ѝ возвраќа удари.
Иако добро се забавувала, не ѝ било забавно да ги гледа своите фотографии во бикини. Одлучила да го промени начинот на живот, но сепак си дозволувала барем една или две чаши вино неделно.
“Големите количини на алкохол ги заменив со пиење на вода, се трудам да јадам правилно и умерено. Не се откажав од крофните, но јадам многу салати и овошје. Наместо газирани сокови и преработена храна, избирам зеленчук и протеини”, вели Девот која во меѓувреме го засакала и вежбањето.
После многу труд и работа на себе, Џели вели дека конечно пронашла мир и баланс. Повеќе не се грижи за мислењето на другите и што е најважно, научила да се сака себе и своето тело.
“Едноставно уживам во животот и се трудам да патувам што е можно повеќе. Сопругот и јас уживаме во разгледувањето на целиот свет и никогаш не се чувствував толку добро”, вели младата фитнес ѕвезда која на Инстаграм ја следат повеќе од 500.000 следбеници.