Приближно 3,39 милиони автомобили од јапонските марки Тојота, Нисан, Хонда и Мазда ќе бидат повлечени ширум светот заради потенцијално неисправно воздушно перниче.Постои можност воздушната перница во тие возила, произведени меѓу 2000 и 2004 година, да не се активира правилно заради можна грешка на ниво на системот за надувување, појасни јапонското министерство за сообраќај.Со овие воздушни перничиња автомобилските компании ги снабдувал ист производител.Министерството оперира со бројка од 2,92 милиони возила и засега не е јасно од каде е разликата во однос на бројката што ја изнесоа производителите.Портпаролот на Тојота рече дека нивната компанија сама повлекла 1,73 милиони возила – 320.000 во Јапонија, 580.000 во Северна Америка, 490.000 во Европа, како и 340.000 ширум светот.
МакфаксПриближно 3,39 милиони автомобили од јапонските марки Тојота, Нисан, Хонда и Мазда ќе бидат повлечени ширум светот зар