Се помалку Македонци бараат бугарски пасош

Се помалку Македонци сакаат да станат бугарски државјани во последните три години. Причината за новиот тренд се новите правни спорови, а не толку билатералните односи и ветото на Бугарија во преговорите на Македонија со ЕУ, објави 24 Часа.

Во 2019 година се отворени 10.688 досиеја за барања на Македонци за државјанство по основа на нивното бугарско потекло, покажуваат податоците на Министерството за правда за „24 Часа“. Во следните 3 години пак, тие изнесувале нешто повеќе од 8.000.

24.370 се на број Македонците кои во истиот четиригодишен период добиле државјанство. Тие се повеќе од претходно поднесените пријави, бидејќи се во постапка која е започната одамна.

Причината е големиот број на досиеја за бугарско државјанство, како и потребата од вршење дополнителни проверки од страна на МНР и МВР за веродостојноста на приложените документи со кои се потврдува бугарското потекло, прецизирало Министерството за правда.

Лесното издавање на пасоши беше прекинато во 2021 година со промена на законот по скандалот со Државната агенција за Бугарите во странство за чие работење реагираше ЕУ.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.