Се скрши кога го слушна ова: Карлеуша плачеше како дете

Откако се врати на малите екрани, после целомесечното отсуство од Ѕвездите на Гранд, во жирито чиј постојан член е веќе со години, Јелена Карлеуша се труди да ја покаже својата силна страна.
Во последната епизода, публиката можеше пејачката да ја види претежно насмеана, но и како се закача со останатите членови на жирито, што често можеше да се види на снимањето на ова шоу.
Сепак во емисијата која е снимена, а која допрва треба да се емитува на малите екрани, Јелена пуштила и солзи.


Имено една од кандидатките ја пеела песната „Песна на мајката“, која во оригинал ја изведува Ханка Палдум, па Карлеуша не можела да ги задржи солзите, со оглед дека неодамна остана без мајка и Дивна, па раната се уште и е свежа.
Јелена не можела да ги сокрие емоциите, но и солзите, па се завртела и се исплакала. Се прибрала кога натпреварувачката ја изведувала втората песна.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.