Маја ја соопшти убавата вест, а честитките веднаш почнаа да се нижат.
Кон крајот на 90-те Маја Гроздановска Панчева беше една од најпопуларните пејачки, а нејзините хитови се пеат до ден денес.
Публиката ја обожаваше, е само пораи фантастичните песни и прекрасниот глас, туку и поради вонвременската убавина.
Долги години е во брак со легендата на македонскиот фудбал Дарко Панчев, а плод на нивнта љубов се двете ќерки Надица и Марија.
Повеќе не е активна на музичката сцена иако музиката е дел од нејзиниот живот.
За Маја времето како да запрело, таа изгледа исто како пред 20 години.
Витко тело, убав тен, широка насмевка, догла руса коса. И сето тоа е природно на неа.
Маја и Дарко не се многу активни на социјалните мрежи, иако понекогаш знаат да споделат некоја семејна фотографија.
Нивните ќерки се нивна најголема гордост, а оние кои ги познаваат велат дека се прекрасно воспитани млади девојки.
За жал, ниту една од нив не тргна по стапките на мама и не се занимаваат со музика.
Но, мора да се признае дека и двете се вистински убавици.
Деновиве во нивното семејство имаше прекрасна причина за славење.
Маја ја соопшти убавата вест, а честитките веднаш почнаа да се нижат.
Нивната постара ќерка Надица славеше роденден, па Маја сподели нивна заедничка фотографија.
„На мама“, стои во опис на фотографијата.