Се случи чудо, жена на 70 години роди близнаци: Сопругот „збриша“ кога дозна

Угандаската државјанка Сафина Намукваја (70) родила близнаци, а нејзиниот доктор д-р Едвард Тамале Сали имал само едно да каже: „Тоа е извонреден успех“.

Како што пренесуваат странските медиуми, 70-годишна жена се породила со царски рез во болница специјализирана за ин витро оплодување.

(Фото) Тешка сообраќајка вечерва кај Долно Лисиче на патот кон Драчево
Тешка сообраќајка се случи вечерва во Долно Лисиче. Во сообраќајната несреќа учествуваа камион и автомобил, а причинета е и голема материјална штета. Полициски службеници се на лице место …
Русија воведе привремени ограничувања за извозот на збогатен ураниум во САД
Русија, која е најголемиот светски снабдувач на збогатен ураниум, објави дека воведува привремени ограничувања на извозот на збогатен ураниум во САД, симболичен потег откако САД го забранија увозот …

Самата Сафина ги нарече своите близнаци „вистинско чудо“. Мама и децата моментално се во болница во Кампала и се во стабилна здравствена состојба, изјави докторот на Сафина.

Инаку, Сафина живее во селото Масака, а своето прво дете, девојче го родила пред три години. Таа немаше деца со нејзиниот прв сопруг, кој почина во 1992 година, и затоа беше етикетирана како „проколната“.

Вториот сопруг го запознала во 1996 година. Сепак, тој не присуствуваше на породувањето, па дури и исчезна кога дозна дека таа носи близнаци.

„Откако ме примија овде, тој не се појави“, рече таа.

Сè уште не е познато дали бременоста е постигната преку донирани јајце клетки или Сафина ги замрзнала сопствените јајце клетки додека била во репродуктивен период.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.