Турското семејство Озерен отпатувало на викенд во Солун, но ни крајот на умот не им било што може да ги снајде. Шетајќи крај брегот на Егејот влетале во толпа на ултранационалисти кои протестирале и биле нападнати само затоа што мислеле дека се Македонци. Очигледно во Договорот кој се потпиша Преспа не се договориле и навиките на Грците да се против се што е македонско.
Турскиот весник “Хуриет“ објавува дека турското семејство Озерен за малку куртулило од ќотек при посетата на Солун минатиот викенд. Со сопругата и двете деца турскиот државјанин Мехмет Озерен на 8 септември при прошетка крај брегот влетале во толпата од 5.000 ултранационалисти кои протестирале против Договорот од Преспа, извикувајќи “Македонија е грчка“. Мислејќи дека се Македонци групата го нападнала семејството, откако претходно се нафрлила на паркираните возила и продавниците, при што се судрила и со полицијата.
Според тоа што го изјавил Озерен во помош им притекнало семејство во зграда во која се засолниле, ги примило во својот дом, со што се избегнати посериозни последици.
Откако за настанот го известиле турскиот Конзулат во Солун Озеренови, иако со сериозно оштетен автомобил, преплашени и во шок, но за среќа неповредени ја напуштиле Грција.