Се спрема големо невреме во Македонија

Невреме со пороен дожд, грмежи и засилен ветер вечер ќе ја зафати територијата на Република Македонија, соопшти Управата за хидрометеролошки работи. Во западните и северните делови се очекува да наврне поголема количина дожд од над 25 литри на метар квадратен. Можна е и локална појава на град, особено во североисточните делови.
Синоптичарите за периодот од утре до петок најавуваат стабилно време освен во југоисточните делови каде е можна појава на краткотраен дожд со ретки грмежи. Повторно зголемување на условите за нестабилност се очекува во деновите од викендот.
Во Скопската котлина попладне ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи, а во вечерните часови процесите ќе се интензивираат.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.