Се стега обрачот околу Мицкоски и Заев, финансиерот и менторот Анѓушев заврши на црната листа на САД!

Црната листа на САД од денеска проширена за уште еден македонски политичар близок до Зоран Заев и Христијан Мицкоски, професорот Кочо Анѓушев кој беше вицепремиер во Владата на СДСМ за економски прашања.

Соголасно објавата на Стејт Депатментот, Анѓушев и неговата најблиска фамилија добиваат забрана за влез во САД поради вмешаност во значителна корупција.

Ја сликале бомбата пред експлозијата- едно момче загина, девојка се бори за живот по забава
Полицијата соопшти дека во 23.01 часот добила дојава дека во станбена зграда во Книн се случила експлозија на неидентификувана експлозивна направа, при што едно лице загинало, додека четири лица се повредени и итно пренесени во болница. На местото на настанот се испратени сите …
Потпретседателката на Филипини јавно се закани дека ќе организира убиство на претседателот
Потпретседателката на Филипини, Сара Дутерте денеска изјави дека нарачала убиство на претседателот Фердинанд Маркос помладиот, на неговата сопруга и на претседателот на Претставничкиот дом, доколку таа биде убиена.Таа повеќе пати повтори дека заканата за убиство не е никаква шега.Маркос помладиот и Дутерте на …

-Соединетите Држави го означуваат Кочо Анѓушев, поранешен вицепремиер на Македонија, како генерално неподобен за влез во Соединетите држави, поради неговата вмешаност во значителна корупција. Додека ја извршуваше функцијата вицепремиер, Анѓушев ја злоупотреби својата службена положба во корист на неговите приватни деловни интереси, поткопувајќи ја довербата на јавноста во Македонија во нивните владини институции и јавни процеси.

Денешната акција покажува дека САД стојат со оние во Македонија кои бараат одговорност од корумпирани јавни функционери. Оваа ознака ја потврдува посветеноста на САД за борба против корупцијата, која му штети на јавниот интерес, го попречува економскиот просперитет на земјите и ја намалува способноста на владите ефективно да одговорат на потребите на својот народ.

Овие јавни ознаки се направени според Дел 7031(в) од Законот за резервации на средства на Стејт Департментот, странски операции и сродни програми, 2023 година, како што е пренесено со Законот за континуирани резервации, 2024 година (Див. A, P.L. 118-15). Одделот, исто така, ја определува сопругата на Анѓушев, Елизабета, и децата, Ангел и Огнен, како генерално неподобни за влез во Соединетите држави, стои во соопштението.

На Твитер се огласи и американската амбасадорка која вели дека ставањето на Анѓушев на црна листа е уште еден доказ дека САД ќе продолат да ги санкционираат корумпираните актери во Македонија.

-Денешното именување на поранешниот вицепремиер за економски прашања Кочо Анѓушев и неговото семејство е уште еден доказ дека Соединетите Држави ќе продолжат да ги санкционираат корумпираните актери во оваа земја и во регионот, без разлика на нивната позиција, политичка определба или времето на злоупотребите. Ќе следуваат повеќе назначувања, но факт е дека нашите напори и нашите санкции не можат да ја поправат епидемијата на корупција во Македонија. На крајот на краиштата, останува на функционерите и граѓаните на оваа земја да побараат одговорност и промени, вели Агелер.

Претходно Кочо Анѓушев ги собра ДПМНЕ и СДСМ на исто место, по повод прославата од 20-годишното постоење на Феро Инвест и Брако.

Со 800 гости и прием на кој присуствуваа видни личности од сите сфери на општеството, групацијата Феро Инвест и фабриката Брако го одбележаа своето 20 годишно постоење и успешно работење на македонскиот и на меѓународните пазари.

На корпорацискиот прием организиран во скопскиот хотел „Александар Палас“ беа присутни првите луѓе на најголемите македонски компании, министри, високи претставници на политички партии, поранешни функционери, поглаварот на Македонската православна црква, амбасадори, членови на дипломатските мисии во земјата, странски партнери од 20 држави, новинари, професори и соработници.

Меѓу колегите новинари најзабележителни беа Бранко Геровски уредникот на пораталот Плус Инфо и Горан Момировски сопственикот на порталот Експрес, портали кои работат исклучително во корист на Христијан Мицкоски, а се спонзорирани и плаќани од Кочо Анѓушев.

По овој настан беше јасно зошто од прес-конференциите на ВМРО-ДПМНЕ за модуларната болница отсуствуваше токму Кочо Анѓушев.

Врската помеѓу екс-вицепремиерот за економски прашања и сопственик на компанијата „Брако“ Кочо Анѓушев и претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски датира уште од студентските денови на Мицкоски. Поточно, пријателството зачнува уште кога Иван Мицкоски, татко на Христијан, како редовен професор му беше ментор и на поранешниот вицепремиер Кочо Анѓушев за неговата докторска дисертација, а Кочо Анѓушев пак е ментор за докторската дисертација на Христијан Мицкоски. А неодамна Инфомакс пишуваше дека дека Анѓушев и Мицкоски имаат и добри бизнис релации имајќи во предвид дека во новиот градоначалнички мандат на градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ од општините се испумпани милиони денари во компании на Анѓушев.

И токму Анѓушев беше еден од носителите на планот на Зоран Заев и Христијан Мицкоски за рушење на Владата на Димитар Ковачевски со отпуштање на 20 илјади вработи од македонските компании кои се под контрола на македонската олигархија. Нашите информации велат дека целта на ваквото делување на Анѓушев, Заев и Мицкоски била да обезбеди амнестија за македонската олигархија која е на мета за отстрел на западните центри на моќ кои очигледно еднаш за секогаш сакаат да завршат со овие луѓе кои повеќе од 30 години ја држат во заложништво цела држава и македонскиот народ.

– „Пред неколку месеци, некаде на периферијата на Скопје, се одржа средба меѓу некои македонски олигарси и политички лидери – сегашни и поранешни политички лидери, со аларм или констатација дека Албанците добиваат повеќе отколку што заслужуваат или го уриваат политичко-економскиот монопол на македонската заедница. И се согласија да создадат национален центар за да се запре овој процес, или како што тие го нарекуваат – албанизација на државата. И во нивната анализа – ова се кредибилни индикации – ДУИ го поврзуваат како парадигма или синоним на етничката еднаквост и позицијата на Албанците“, објасни Османи на ТВ 21.

Како што објави Инфомакс, средбата за која говори министерот за надворешни работи и портпарол на ДУИ, Бујар Османи е одржана во домот на екс-вицепремиерот за економски прашања Кочо Анѓушев, а на која прсутни биле сопственикот на ИГМ Кавадарци Илија Гечев, извршниот директор на „Алкалоид“ Живко Мукаетов, претседателот на Стопанската комора на Македонија Бранко Азески, извршниот директор на „Макпетрол“ Андреа Јосифовски и неколкумина други, меѓу кои најважно, Христијан Мицкоски кој ветува политичка заштита доколку седне во премиерската фотелја во широка Влада со СДСМ од која дел ќе бидат структурите на Заев.

Над главата на Анѓушев во моментов се наоѓа дамакловиот меч околу случувањата со тетовската модуларна болница која во целост е во изведба на фирмата која е во сопственост на Анѓушев, Брако. Многу веројатно Анѓушев дава поддршката на Мицкоски за никогаш да не биде покренато обвинение против него за 14-те лица кои живи изгореа поради алчноста на неколкумина.

Јавноста подолго време се прашува зошто ниту Мицкоски ниту било кој од врвот на партијата не го споменува името на Анѓушев кога говори за модуларната болница?

Зошто во нивните пресови и соопштенија никаде не се споменува Анѓушев?

Како биле градени модуларните болници низ Македонија, од кои и тетовската која изгоре до темел сосе 14 пациенти, истражуваше ИРЛ. Документарецот го опфаќа спроведувањето на тендерот од Министерството за локална самоуправа, кое поради неправилности го поништува. Го следи објавувањето на нов тендер со иста спеицифкација од Министерството за здравство, но и лицето кое ја правело техничката спецификација. Таа по заминувањето на Венко Филипче од министерството за здравство, дава отказ и се вработува во компанијата на Анѓушев, Брако.

ИРЛ открива за потпишан анекс на договор кој не бил објавен во Системот за јавни набавки. Свиркачи им даваат документи на новинарите, меѓу кои се и трите вештачења за предметот. Тоа значи дека го имале и најважното – германско вештачење.

Според ИРЛ, во модуларната болница не биле вградени соодветни кабли и приклучоци. Додаваат дека немало ниту елаборат за електричната енергија која била спроведена во конкретната изгорена градба во Тетово. Од прилогот се гледа како во моментот на пожарот имало се уште струја во разводната табла, што им укажува дека и покрај големиот пожар – осигурачите не се спуштиле. Експерт кој го говори во документарецот, посочува, дека ако осигурачите на време се исклучеле кога настанал спојот во продолжниот кабел, можело да не дојде до пожарот.

Дел од модуларните болници, меѓу кои и изгорената во Тетово ги изгради компанијата „Брако“ на Кочо Анѓушев.

Но тоа не е се…

Имено во серија на текстови Инфомакс докажа дека општините под контрола на ВМРО-ДПМНЕ испумпуваат милиони евра кои завршуваат во џебот токму на Кочо Анѓушев.

Ова се текстовите:

Неверојатни 390 милиони денари народни пари испумпани за една година од општините на ВМРО-ДПМНЕ во фирмата на Кочо Анѓушев

https://infomax.mk/%d0%bd%d0%b5%d0%b2%d0%b5%d1%80%d0%be%d1%98%d0%b0%d1%82%d0%bd%d0%b8-390-%d0%bc%d0%b8%d0%bb%d0%b8%d0%be%d0%bd%d0%b8-%d0%b4%d0%b5%d0%bd%d0%b0%d1%80%d0%b8-%d0%bd%d0%b0%d1%80%d0%be%d0%b4%d0%bd%d0%b8-%d0%bf/embed/#?secret=iTrQBfy58p#?secret=zf9fxBDUrw

(Документи)СКАНДАЛ ВО ВЕЛЕС: Местеле тендер за да му дадат на Анѓушев 30 МИЛИОНИ ДЕНАРИ

https://infomax.mk/%d0%b4%d0%be%d0%ba%d1%83%d0%bc%d0%b5%d0%bd%d1%82%d0%b8%d1%81%d0%ba%d0%b0%d0%bd%d0%b4%d0%b0%d0%bb-%d0%b2%d0%be-%d0%b2%d0%b5%d0%bb%d0%b5%d1%81-%d0%bc%d0%b5%d1%81%d1%82%d0%b5%d0%bb%d0%b5-%d1%82%d0%b5/embed/#?secret=V2XfD4VSz8#?secret=mN5xBUvky0

(Документи)Македонија е „Хеленик Петролеум“, ОКТА е државата – како навистина недостасуваат 5 милијарди евра народни пари, и кој си ја купи Македонија уште во 1999 година

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.