Се удавија две сестри во базен во хотел на Родос

Во хотелски базен во областа Лалисос на Родос се удавија две француски тинејџерки (16 и 19), соопштија властите, додавајќи дека причините за несреќата засега не се познати. Веста за несреќата била добиена синоќа околу 21 часот кога на базенот немало спасувачи, пренесе грчката новинска агенција “АНА“.
Телото на едната девојка е пронајдено како лебди на површината на водата, додека другото било пронајдено на дното. Како што пишуваат локалните медиуми, едната сестра настрадала обидувајќи се да ја спаси другата.
Поради несреќата, локалниот обвинител побарал апсење на менаџерот на хотелот и спасувачите кои би требало утре да дадат изјава. Во меѓувреме, грчкиот министер за туризам, Харис Теохарис, изјави дека министерството ќе ја следи истрагата.

 

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.