Заради лоши временски услови транспортен воен авион “Боинг 707“ се урна утрово во населено место. Несреќата се случила близина на аеродромот Фат кај Катаџ во централната иранска покраина Алборз западно од иранскиот главен град Техеран. Загинале 15 од вкупно 16 луѓе кои се наоѓале во авионот. Како што информираше војската инженерот на летот го преживеал падот и е префрлен во болница. Авионот се излизгал од пистата за време на слетувањето и се запалил откако удрил во ѕид на крајот на пистата.
– Товарниот авион “Боинг 707“ што превезувал месо од Бишкек во Киргистан, денес имал принудно слетување на аеродромот Фат. Инженерот на летот е превезен во болница – соопшти војската.
Пронајдете не на следниве мрежи: ©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.