Се шири: Потврден четврт случај на коронавирус во Јапонија

Четвртиот случај на инфекција со новиот коронавирус е потврден денеска во Јапонија, соопшти Министерството за здравство на земјата.
Вирусот е потврден кај 40-годишен маж од кинексиот град Вухан, кој допатувал во Јапонија на одмор.
Јапонскиот премиер Шинѕо Абе изјави денеска дека Владата работи со кинеските власти за да обезбеди чартер лет за јапонските граѓани кои сакаат да се вратат од Вухан, градот во кој избувна епидемијата.
Досега, 56 луѓе починаа од вирусот во Кина, а над 2.000 луѓе се заразени ширум светот.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.