Се јави Заев, го пофали РЕФЕРЕНДУМОТ ЗА ПРОМЕНА НА ИМЕТО – ШТО ПРОПАДНА!

Поранешниот премиер Зоран Заев, во објава на Фејсбук потенцира дека денешниот ден, 30.септември бил важен во современиот развој на Северна Македонија, бидејќи на денешен датум 2018 година, како што пишува тој „македонските граѓани од сите етникуми во огромен број излегоа да дадат поддршка на историскиот Договор од Преспа, за долготрајно пријателство со соседна Грција.

Се јави Заев, го пофали РЕФЕРНДУМОТ ЗА ПРОМЕНА НА ИМЕТО – ШТО ПРОПАДНА!

„610.000 граѓани гласаа ЗА на референдумот и ја поддржаа каузата „Излези ЗА европска Македонија” што е најголемата поддршка дадена при непосредно гласање после независноста. Бројот на гласови ЗА е поголем од бројот на гласови на сите победници на сите избори во историјата на државата“, пишува Заев.

Осврнувајќи се на опозицијата, која вели, го бојкотираше референдумот, граѓаните од мнозинскиот демократски блок излегоа масовно и гласаа за да ја внесат земјата во НАТО.

„Иако опозицијата го бојкотираше референдумот, граѓаните од мнозинскиот демократски блок излеговме масовно, гласавме и потоа заедно со нашите сојузници успеавме да ја внесеме земјата во НАТО, а денес веќе сме во почетната фаза од преговорите со ЕУ. Во меѓувреме, односите со Грција доживеа историски пресврт и денес на наша страна имаме уште еден сосед, силен сојузник од редовите на ЕУ и НАТО“, пишува поранешниот премиер во неговата објава.

Сега вели тој, државата е исправена пред нов политички предизвик.

„Пет години после референдумот за нашиот историски исчекор напред, исправени сме пред нови комплексни предизвици. Нашата влада успеа да најде компромисно решение со Бугарија претставено во европскиот предлог и во нашата преговарачка рамка, а дел од тоа решение содржи и наши обврски за кои е неопходен натпартиски мнозински договор“, стои во објавата.

Тој повикува на одговорност и постапки во, како што вели, поволен геополитички момент.

„И кога веќе сите партии демонстрираат одлучност за членство на Северна Македонија во ЕУ, време е за нов македонски успех. Во тоа име повикувам на одговорност и на постапки со кои ќе ги обезбедиме сите услови и ќе го искористиме поволниот геополитички момент за наше членство во Унијата најдоцна до 2030 година. #МКвоЕУ“, напиша Зоран Заев на Фејсбук.

Референдумот формално започна на 29.септември кога најпрво гласаа болните и изнемоштени лица, затворениците и лицата во домашен притвор како и дијаспората, а на 30.септември сите останати граѓани на Македонија.

На референдумот гласаше 36.91 % од населението односно 666.743 граѓани. Од граѓаните кои излегоа на гласање, „За“ заокружија 609.813 граѓани, а „Против“ беа 37.700 граѓани.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.