Претседателот на ФИФА, Џани Инфантино во деновите за тага поради смртта на легендарниот Пеле, рече дека секоја земја треба еден свој стадион да именува по Бразилецот.
Првата земја која одлучи да го испочитува Пеле со именување на стадион, се Зеленортските острови.
Националниот стадион на Заленортските острови го доби името „Едсон Арантес до Насименто – Пеле“.
Претседателот на Фудбалската федерација на оваа земја се надева дека нивниот пример ќе го следат и други земји.