Хрватската пејачка Северина вчера настапуваше во еден ноќен клуб во Хрватска, а на сцената се појави во костим од серијата „La Casa De Papel“.
Имено пејачката за време на својот настап во клубот заедно со својот бенд се појави во црвен костум кои го носеле познатите крадци во истоимената серија.
Сето ова се случува откако пред неколку недели крадци влегоа во станот на пејачката и однесоа скапоцени работи вредни 300 илјади евра.
Инаку со ова таа уште еднаш сакаше да им упати јасна порака на крадците дека не им се плаши и дека ќе бидат пронајдени од страна на полицијата.
Крадците ја врзале нејзината куќна помошничка во нејзиниот стан и започнале да крадат се околу нив, а пејачката откако дознала веднаш се вратила дома од своето патување и дала исказ во полиција.
Таа за хрватските медиуми откри и дека е благодарна што не и ги украле фустаните, бидејќи имала сама да ги бара крадците низ Загреб.