Северна Кореја ја јакне програмата за нуклеарно оружје

Севернокорејскиот парламент го поддржа во понеделникот планот да му се даде поголемо значење на нуклеарното оружје во одбрана на земјата со што според западот јакнат заканите на комунистичкиот режим упатени до неговите непријатели САД и Јужна Кореја.Врховното народно собрание едногласно го озакони барањето од неделата на владејачката Работничка партија нуклеарните сили на земјата „да се развиваат и зајакнуваат квалитативно и квантитативно“, ја пренесоа агенциите информацијата од државната севернокорејска новинска агенција KCNA. Во информацијата се наведува и дека Централниот комитет на Работничката партија го нарекли нуклераното оружје „живот на земјата“.Последните неколку дена Северна Кореја упати повеќе предупредувања дека ќе нападне цели на САД и на Јужна Кореја на што Вашингтон одговори со испраќање на двата најмодерни типови борбени авиони, бомбардерите „B-2“ и ловците „F-22 Raptors“ и воена подготвеност да ја поддржи и заштити Јужна Кореја.Јужнокорејската претседателка Парк Геун-Хи во понеделникот пред одбранбените функционери изјави дека заканите на Пјонгјанг си фаќа „многу сериозно“.Меѓутоа, и покрај многу острата реторика, малкумина се оние коишто мислат дека Северна Кореја, којашто минатата седмица го укина и таканарачениот „воен црвен телефон“, кој е последната директна врска со Сеул, со што ризикуваше вистински судир. Оттаму, се поставува прашањето што всушност стои зад заканите на Пјонгјанг и зашто тие се заоструваат токму во овој момент.Повеќе од 40 илјади американски и јужнокорејски војници последните десетина дена се ангажирани во редовните годишни воени маневри на Корејскиот полуостров со коишто Вашингтон на својот регионален сојузник Сеул подготвеноста да ја одбрани неговата безбедност.Од друга страна, пак, се чини дека Пјонгјанг поинаку гледа на овие воени вежби сметајќи дека тие можат лесно да бидат скриени подготовки за ненадеен напад. Како договор, Северна Кореја го употребува она што е најблиску, односно закана со воена ескалација, пишува Андреа Бергер од институтот Royal United Services, којашто се занимава со нуклеарни анализи.Медиумското следење на тензиите на Корејскиот полуостров остава впечаток дека заканите доаѓа ненадејно, меѓутоа не е така. Пјонгјанг веќе со децении постојано бурно протестира против заедничките американско-јужнокорејските воени вежби, а овие последните се разликуваат само по интензитетот и конкретноста. Особено најдрската беше објавувањето дека Северна Кореја го задржува правото на превентивен нуклеарен напад против САД и Јужна Кореја.Иако Пјонгјанг ја пресече „црвената телефонска линија“ со Сеул, малку е веројатно дека ќе ги исполни своите други воинствени ветувања, во најмала рака не наскоро, смета Бергер.Една од причините за тоа е фактот е дека острата реторика на младиот лидер Ким Јонг-Ун најверојатно е наменета во прв ред за домашната јавност, бидејќи со спротиставувањето на непријателите настојува да ја зацврсти својата воена и политичка власт.Втората причина на привремената ладнокрвност, смета Бергер, се севернокорејските технолошки недостатоци во нуклеарната и ракетната сфера, бидејќи повеќето аналитичари сметаат дека уште не е веројатно дека Пјонгјанг завладеал со технологијата потребна на ракетите со кус или со долг дострел се монтира нуклеарна боева глава и да ја истрела кон територијата на САД.Иако заканите упатени кон САД и Јужна Кореја главно се за внатрешна севернокорејска употреба, сепак, сосема е можно чувството на несигурност кое е во нивната заднина е целосно искрено, наведува Бергер.Западот смета дека воените маневри се само тоа и ништо повеќе меѓутоа Северна Кореја која размислува во термините „армијата на прво место“ и се потпира на самата себе можеби не гледа на вежбите само како на подготвеност за одбрана на Јужна Кореја.Таквото сомничаво гледање на воените игри можно е да ги зацврстува фактот дека и самиот Пјонгјанг во јуни 1950 година ги искористи своите воени маневри за напад врз Сеул со што ја предизвика Корејската војна која траеше 1953 година.Претходните американски администрации признаваа дека разликите во сфаќањето на целите на воените маневри меѓу Вашингтон и Пјонгјанг се огромни, а поранешниот претседател Бил Клинтон неколкупати ги откажуваше годишните вежби за да ја придуши севернокорејската загриженост и да ги поттикне преговорите за нејзината нуклеарна програма.Бергер смета дека најголемиот ризик во моментот не претставува избувнување војна или нуклеарна напад, туку погрешната процена.Имено, Северна Кореја би можела погрешно да ги разбере идните американските потези и да заклучи дека навистина постои директна и егзистенцијална закана за режимот, и да речат превентивно да ја отстрани. Или, пак, по и преголемото блефирање на Пјонгјанг може да почувствува дека неговата остра реторика не заплашува, како и дека зборовите мора да ги поддржа со вистинска агресија.Тестот колкави се навистина ставовите на Северна Кореја поради воените маневри, ќе биде реториката на режимот во Пјонгјан откако вежбите ќе завршат кон крајот на април.Вашингтон, исто така, смета Бергер, би требало да биде претпазлив со подоцнежните напори видно да ги поддржи сојузниците коишто би можеле контрапродуктивно да ја влошат можната небезбедност на Северна Кореја, а задржување на нуклеарните сили во регионот би можело непотребно да го продолжи ризикот од погрешна процена по завршувањето на маневрите.
МакфаксСевернокорејскиот парламент го поддржа во понеделникот планот да му се даде поголемо значење на нуклеарното оружје во

Пронајдете не на следниве мрежи: