Во Вашингтон попладнево беше направен и последниот формален чекор за полноправно членство на Северна Македонија во Алијансата- депонирањето на инструментот за пристапување во Стејт департментот.
Македонија станува членка на Алијансата, по речиси 30 години чекање. Најблиску до членство беше пред 12 години, на тогашниот Самит во Букурешт, кога Грција стави вето поради тогаш нерешениот спор со името.
„Северна Македонија сега е дел од семејството на НАТО, семејство со 30 нации и речиси една милијарда луѓе. Семејство базирано на сигурноста дека, без оглед на предизвиците со кои се соочуваме, сите сме посилни и побезбедни заедно“, соопшти генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг.
Welcome to #NATO, #NorthMacedonia! It’s been a long road, but all your efforts have paid off. The formal accession process is now complete, and we are glad to have the 30th member of our Alliance with us: https://t.co/g6HxvQ4OlT 🇲🇰 #WeAreNATO
— Jens Stoltenberg (@jensstoltenberg) March 27, 2020
Во понеделник македонското знаме ќе се подигне во седиштето на НАТО во Брисел и во командата на сојузничките сили во Норфолк, Вирџинија. Денеска приемот во НАТО беше одбележан со почесна стрелба од артилериски орудија во скопската касарна Илинден.
Американската амбасадорка честиташе со свој твит:
Пронајдете не на следниве мрежи: ©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.It’s now official, North Macedonia is the 30th member of #NATO! Congratulations to all 🇲🇰 citizens on this monumental achievement. We will continue to support 🇲🇰 as a contributing member of the Alliance. pic.twitter.com/veGJP0gbld
— Ambassador Kate Byrnes (@USAmbNMacedonia) March 27, 2020