Седум работи кои ќе ги разберете откако ќе станете родители

Родителството го менува животот во целост, наоѓате нов смисол на животот и правите работи кои порано не сте ги замислувале.
Кога ќе станете родители, светот се менува во целост и сета енергија која ја имате се пренасочува кон вашето бебе.
Чувствувате бесконечна љубов кон вашето дете
Скоро сите родители ќе ви кажат дека ова ќе го разберете само кога ќе добиете дете. Ова чувство ќе расте од ден на ден.
Заборавате што значи да се наспиете квалитетно
Новите родители не спијат убаво сè до шестата година во животот на детето.
Доењето во јавност е потребно
Нема да чувствувате срам да го доите вашето бебе во јавност. Овој чин е прекрасен и природен и не ви е важно што ќе кажат другите луѓе.


Имате лошо чувство кога ќе забележите дека во вашиот дом владее тишина
Ова ќе им звучи познато особено на оние коишто имаат две или повеќе деца. Децата се креативни и можат да уништат сè што ќе им дојде до раце без да направат бука.
Чувствувате грижа
„Дали сум добра мајка“, „дали добро се грижам за моето дете“? Сега конечно ги сфаќате вашите пријателки кои го поминале ова.
Не престанувате да зборувате за вашите деца
Кога немате дете, сметате дека оние коишто постојано зборуваат за нивните деца – претеруваат. Меѓутоа, откако ќе добиете дете, сакате да споделите со вашите најблиски за тоа како ви се променил животот и како вашето дете го разубавува животот.
Повеќе ги почитувате вашите родители
Кога ќе станете родители, ги гледате работите од поинаков аспект. Да се биде родител не е лесно, ќе сфатите дека вашите родители прават сè за да ви помогнат.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.