Седуммина повредени во несреќа на патот Тетово-Гостивар






Околу пладне на автопатот Тетово-Гостивар се случила сообраќајна незгода во која повредени се вкупно седум лица.

Како што извести СВР Тетово во близина на Пирочкиот мост, се случила сообраќајна несреќа во која учествувале: теренско возило со тетовски регистарски ознаки управуван од 41- годишниот гостиварец А.К. и возило „ауди” со тетовски ознаки, што го управувал 42 годишниот  Х.М. од Гостивар.
Во несреќата, возачот на „аудито” и шест сопатници од истото возило се здобиле со телесни повреди констатирани во гостиварската Општа болница „Ферид Мурад”, каде биле пренесени за укажување на лекарска помош.
На местото на несреќата извршен е увид од екипа на СВР Тетово.

„МИНУТИ ЗА СЕКОГО“ | Фејзи и Ѓурчиновска | ЖЕНИТЕ ОД РУРАЛНИ СРЕДИНИ

Извор








Пронајдете не на следниве мрежи: