Пејачката Сека Алексиќ остро реагираше на социјалната мрежа Х поради прозивката на поп дивата Јелена Карлеуша.Имено, кога беше објавено дека ЈК настапува на фестивалот „Music Week“, Секси од групата Црни Церак, со кој Карлеуша претходно се скара, се огласи на социјалните мрежи и порача „треба да и’ биде чест што настапува со него“.Истата вечер кога настапи, Јелена рече дека „децата треба да покажат почит кога станува збор за многу поуспешни и многу поголеми имиња отколку што можат да сонуваат.
Na stranu da li volite Jelenu, ali da neki balavac proziva nju i izvodjace koji traju preko 20 godina je van svake pameti. Niko od mojih kolega ne sme da dozvoli da neki balavac koji se juce ispilio kaze “njoj treba da je cast jer deli binu sa mnom”…. Ma nemoj, solju mleka i u…— Seka Aleksic (@poslednjilet) July 3, 2024
Сега, на мрежата X, во оваа прилика реагираше Сека Алексиќ која со години „војуваше“ со Јелена Карлеуша и напиша:„Нема врска дали ја сакаш Јелена, но не е паметно некое детиште да ја прозива. Никој од моите колеги не треба да си го дозволи тоа. Нему треба да му е гордост што настапува со неа. Ајде, шишето со млеко и во кревет. И онака музиката ти трае колку кисела вода.”