Секоја чест! Дека на 106 години скокна со падобран и го собори Гинисовиот рекорд, погледнете ја оваа авантура

Алфред „Ал“ Блаше од Тексас ја врати титулата „најстар падобран на светот“, откако скокна од авион на 106 години и 327 дена.Тој за прв пат влезе  во Гинисовата книга  во 2020 година, кога скокна од 4.260 метри за да го прослави дипломирањето на своите внуци. Тој тогаш имаше 103 години.-Тоа беше мојот сон. Никогаш не мислев дека ќе бидам овде толку долго – изјави Блашке.Интересно е што тоа беше само неговиот втор скок со падобран досега, и првпат тој се осмели на својот 100-ти роденден.

– Ако мислите дека не можете, се потценувате себеси. Секој е способен за повеќе отколку што мисли. Треба само да донесат одлука да се обидат – изјави Блашеке по новиот рекорд, пренесува  UPI.com.Потсетуваме, неговиот рекорд го собори Дороти Хофнер (104) од Чикаго, која почина малку подоцна во дом за стари лица.Претходно, титулата „најстар падобранец“ и припадна на Швеѓанката Рут Линеа Ингегард Ларсон која скокна на 103 години и 259 дена.

Пронајдете не на следниве мрежи: