Секс-стравови: Од што се плашат мажите во кревет

Мажите имаат секс стравови како и жените. Иако се прават важни и храбри, и припадниците на посилниот пол имаат стравови кога станува збор за сексот. Еве од што се плашат мажите во кревет:
Полово преносливи болести
Од ова се плашат и мажите и жените. Никој не сака да биде болен. Задолжително користете заштита.
Големината на пенисот
Многу мажи се грижат за големината. Се плашат дека нема да успеат да ја задоволат партнерката. Поради такви стравови и се случуваат грешки во кревет.
Лош секс
Многу мажи се плашат од лош секс. Поточно се плашат од партнерка која нема да ги исполни нивните очекувања. Од тоа посебно стравуваат пред првиот секс со новата девојка. Особено ако за девојката веќе имаат некои емоции.
Траењето на сексот
Мажите се грижат и за траењето на сексот. Секогаш се во дилема дали сексот траел премногу кратко или пак премногу долго. Тие чекаат пофалба по сексот.
Недостаток на ерекција
Тоа е и најголемиот страв на мажите, најчесто ако имаат ваков проблем тоа е пред се на психолошка база. Побарајте лекарска помош не се оптеретувајте со тоа, се може да се реши.
Бременост
Овој страв посебно е изразен кога врската не е сериозна. Тие се грижат девојката да не забремени и тоа им прави дополнителен притисок. Тоа може да се реши со разговор со партнерката.Мажите имаат секс стравови како и жените. Иако се прават важни и храбри, и припадниците на посилниот пол имаат стравов

Пронајдете не на следниве мрежи: