Сексот во бројки: Колку трае, а колку треба да трае?

Сите сме многу љубопитни кога е во прашање туѓата спална соба, најчесто поради тоа што сакаме да споредуваме, а често имаме и чувство дека нашите соговорници измислуваат приказни од филмовите за возрасни или пак од романтичните комедии. Поради таа причина магазинот Гламур спроведе анкета на 1000 испитаници кој треба да одговорат колку просечно во нивниот случај трае сексот и предиграта.
Од  тоа што ќе го дознаете веројатно ќе ви биде полесно, но споредувајќи ги резултатите со другите, овие бројки и не се така супер.
Всушност најголемиот дел од учесниците признале дека предиграта во нивниот случај трае помеѓу 5 и 9 минути, додека пак сексот за поголем број од нив е нешто поголг па трае од 10 до 14 минути.
Погледнете ги сите резултати:
Помалку од 5 минути
Предигра: 23 проценти
Секс: 8 проценти
Од 5 до 9 минути
Предигра: 33 проценти
Секс: 25 ПРОЦЕНТИ
10 до 14 минути:
Предигра: 24 проценти
Секс: 17 проценти
20 минути и повеќе:
Предигра: 8 проценти
Секс: 22 проценти
А, сега оној не толку охрабувачки дел, во истражувањето спроведено во 2012 година резултатите покажале дека идеален ден на секој човек треба да содржи 106 минути секс, со што едноставно ќе сме посреќни.
Од друга страна, истражувањето спроведено во Велика Британија покажало дека испитаниците сметаат дека идеалното траење на сексот е 23 минути.Сите сме многу љубопитни кога е во прашање туѓата спална соба, најчесто поради тоа што сакаме да споредуваме, а често

Пронајдете не на следниве мрежи: