Селa обвини дека Таравари постапува по надворешни директиви со цел поделба на Алијанса

Говорејќи за случувањата во АА, Села оцени дека средбата во Приштина која Таравари неодамна ја оствари со лидерите на опозициските партии на Албанците и со косовскиот премиер Албин Курти била тајна и нетранспарентна. Рече дека косовскиот премиер не инсистирал на ништо на средбата, туку само сакал да добие информации за политичките случувања, но, сепак, средбата ја оцени за скандалозна зашто, како што рече, Таравари со себе не понел ниту еден член на Претседателството на партијата
Претседателот на Централното собрание на Алијанса за Албанците, Зијадин Села, синоќа во интервју за Клан Македонија го обвини партискиот лидер Арбен Таравари дека постапува по директиви и оти таквото однесување не е во ред и не доликува на претседател на партија. Според Села, поделбата во Алијанса е резултат на дејствувањето на Таравари кое, како што рече, е наметнато од структури надвор од партијата.
Обвини оти целта на дејствувањето на Таравари било токму поделба на партијата.
 „Но, сè додека Зијадин Села политички дише во Алијанса, нема да дозволам надворешни фактори да ја контролираат АА. Ова е суштината и главната основа на проблемот што ни се случува во партијата“,изјави Села во интервјуто за Клан Македонија.
Говорејќи за случувањата во Алијанса, Села оцени дека средбата во Приштина која Таравари неодамна ја оствари со лидерите на опозициските партии на Албанците и со косовскиот премиер Албин Курти била тајна и нетранспарентна. Рече дека косовскиот премиер не инсистирал ништо на средбата туку само сакал да добие информации за политичките случувања, но, сепак, средбата ја оцени за скандалозна зашто, како што рече, Таравари со себе не понел ниту еден член на Претседателството на партијата.
Во интервјуто за Клан Македонија, Села рече дека коалицирањето со опозициските партии на Албанците, која ја најави крилото на Таравари, не гарантира промена. Додаде и дека неговите постапки не ѝ помагаат на ДУИ и дека останува на ставот оти Алијанса ќе оди сама на изборите на 8 мај.
„Не може прстот да се впери во Алијанса и да се обвини дека ако излезе сама на избори дека ѝ помага на ДУИ, а коалицијата со Изет Меџит кој до вчера беше потпретседател на ДУИ да се претстави во јавноста како тенденција да се предизвика промена. Кој верува во ова. Ова се обиди за перење мозокот на луѓето“,изјави Села.
Во синоќешното интервју, Села меѓу другото изјави и дека тој своевремено политички го воспитувал Арбен Таравари, се жртвувал за него и го внел во светот на политиката.

Пронајдете не на следниве мрежи: