Премиерот Заев да поднесе оставка и веднаш да се формира експерстка Влада, побара лидерот на Алијансата за Албанците, Зијадин Села по бегството на експремиерот Никола Груевски. Истовремено тој побара одговорност и од сите засегнати институции, а од Основното јавно обвинителство побара да отвори постапка за сите за кои имаат сознаниј дека го организирале и му помогнале на Груевски да избега од државата.
-Денеска сите граѓани кои веруваа во правен систем се разочарани од оваа власт. Ние повеќе пати сме најавиле дека вмроизираното судство да помине во сдсмеизирано и тоа денес е реалност. Бараме Заев и Владата да поднесат оставка. Одма да се формира експеррска влада која ќе се фокусира на реформи во судството, да одговраат сите судии за скандалите на кои сме сведоци. Бегството не Груевски не е прв случај, сите кои треба да одговораат за криминалот се во бегство. На пример Грујоски, Бошкоски, Кочан…, истакна Села на денешната прес-конференција.
Покрај тоа Села побара и предвремени парламентарни избори кои би се органзизрале заедно со претседателските.
Со слични барања излегоа и од Беса на Касами. Тие тврдат дека органите на прогонот потфрлиле и дозволиле Груевски да побегне и дека треба да сносат одговорност што денеска наместо во затворот во Шутка, Груевски е во Будимпешта.
– Ова е многу значајно прашање за институциите на државата кои за жал потфрлија во еден значаен момент, бидејќи не се работи за обичен граѓанин кој има проблем со законот, туку за поранешен премиер за кој овде во Собранието имаше дури и постапка за одземање на мандат и човек кој ја водеше државата 11 години, рече пратеникот Фадил Зендели.