Селекторот на бразилската фудбалска репрезентација, Доривал Жуниор, го најави официјалното враќање на Нејмар на теренот по долгата пауза поради повреда.
Бразилската ѕвезда за неколку дена ќе го одигра првиот натпревар во новата сезона, откако беше повреден лани точно на денешен ден.
„Нејмар ни објави дека ќе игра за Ал Хилал против Ал Аин на 21 октомври. Репрезентативниот лекар Родриго Ласмар ќе отпатува за Саудиска Арабија да ја процени состојбата по разговорот со лекарите на Ал Хилал. Ако се биде добро, верувам дека ќе се најде на следниот репрезентативен список“, изјави Доривал.
Нејмар го повреди коленото веднаш по пристигнувањето во Ријад, но сега е подготвен да им се придружи на соиграчите. Ал Хилал дури и без Бразилецот успеа да ги освои сите домашни трофеи, а во новата сезона влезе со титулата во Суперкупот.