Филтерите станале сè позастапени на сите социјални мрежи, а луѓето се сè позависни од нивното користење. Меѓутоа, поголем проблем е тоа што ја менуваат сликата за изгледот на луѓето, кои дури и се подложуваат на операции за да изгледаат како на фотографиите со филтери.
Луѓето ја нарекувала Аника кралицата на Снепчет. Таа во периодот од 19-та до 21-та година била опседната со објавување на селфи фотографии, што и донело неколку илјади фанови. Бидејќи не била задоволна со изгледот на својот нос, како што вели, и се допаѓало тоа што некои филтери го правеле нејзиниот нос помал и потенок. Кога некои фанови и предложувале да се најде со нив во живо, Аника помислила дека мора да изгледа како на селфито. Не и било потребно долго да почне да контактира со првите пластични хирурзи преку социјалните мрежи.
Ова е само една од приказните на илјадници луѓе ширум светот кои минатите две-три години побарале помош од естетски хирурзи. Инаку, телесната дисморфија е метална состојба на опсесивна преокупираност дека со нашиот изглед нешто не е во ред и преземање на сите можни мерки недостигот да се прикрие или поправи. Доктор Ешо зборувал дека неговите клиенти, наместо фотографии од славни личности со идеален нос или брада, почнале да носат свои исфилтрирани фотографии.
Ешо вели присуството на филтери на социјалните мрежи може да создаде нерални очекувања за тоа што е нормално и да ја намали самопочитта кај корисниците. Поради тоа Ешо, како и неговите бројни колеги ширум светот, е многу загрижен за иднината на естетската медицина.
Како што велат, естетската медицина наоѓа своја значајна улога и место во подобрувањето на општото здравје и самодовоербата на луѓето, но не може да се бори со технологијата која брзо напредува и ги мотивира луѓето на грешни работи.