Популарната пејачка Јелена Карлеуша на социјалните мрежи објави семејни фотографии од својот сопруг Душло Тошиќ и ќерките, Атина и Ника.
Таа покажа како го поминува времето со своите најмили, а потоа и како Душко се забавува со ќерките во нивниот двор.
После турбулентниот период и гласините за развод, Карлеуша покажа дека со нивниот брак се е во ред и дека без разлика на се семејството се држи на куп.
Инаку, претходно медиумите ширум регионот пишува дека после скандалот со Огњен Врањеш пејачката и Тошиќ се разведуваат, но како што стојат работите такво нешто нема да се случи…