СЕПТЕМВРИ е време за СЛАТКО ЗАДОВОЛСТВО: Австриска торта со сливи

Направете вкусна торта со сливи која се топи во устата.
Со оваа торта, важно е сливите што ги користите да не се премногу меки, туку малку поцврсти, за да не се распаднат.
СОСТОЈКИ:
10-12 помали сливи
10 лажици (140 гр) несолен путер
2/3 чаша (150 гр) шеќер
4 поголеми јајца, на собна температура
1/4 чаша + 2 лажици кисела павлака (или 1/4 чаша млеко, ако немате кисела павлака при рака)
1 лажичка екстракт од ванила
прстофат сол
пестофат цимет
1,5 чаша (200 гр) брашно
1,5 лажиче прашок за пециво
шеќер во прав за поросување
ПОДГОТОВКА:
Сите состојки треба да бидат на собна температура.
Изматете ги белките од јајцата со малку сол во цврст снег. Ставете ги на страна.
Во посебен сад, изматете ги путерот и шеќерот, додајте ги жолчките, една по една, мешајќи додека не подебелат (околу 3-5 минути).
Додадете павлака, ванила и цимет. Мешајте додека не се добие хомогена смеса.
Измешајте брашно и прашок за пециво, потоа додадете го во смесата и промешајте повторно додека не стане хомогена.
Промешајте со белките од јајца.
Обложете плех со хартија за печење или намастете ја, па додајте ја смесата со шпатула.
Наредете ги преполовените сливи врз смесата, така што делот со лушпата ќе оди внатре, а вие не мора да ги туркате во смесата затоа што сами ќе потонат при печењето.
Печете ја тортата на 180 степени околу 25-30 минути или додека не порумени. Проверете со чепкалка за заби дали е печена.
Оставете да се излади и поросете со шеќер во прав.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.