Кениската полиција уапси маж кој го опишаа како „сериски убиец“, осомничен дека стои зад грозоморното убиство на девет жени чии осакатени тела беа пронајдени во напуштен каменолом што се користи како депонија, објави денеска Би-би-си.
Полицијата соопшти дека Џомаиси Калисија (33) признал дека убил 42 жени од 2022 година, вклучувајќи ја и неговата сопруга.
Осомничениот бил уапсен во бар во понеделникот рано наутро по локално време додека го гледал финалето на Евро.
Првото распарчено тело беше пронајдено во петокот во каменоломот Мукуру во главниот град Најроби, што предизвика шок и бес во Кенија.
🔗 Bu resmen canavarlık!
— 23 DERECE (@yirmiucderece) July 15, 2024
Kenya'da 42 kadını öldürdükten sonra parçalanmış cansız bedenlerini çöplüğe attığını itiraf eden seri katil tutuklandı.pic.twitter.com/bNhtgZvtaq
Шефот на Дирекцијата за криминалистичка истрага (ДЦИ) Мохамед Амин рече дека Џомаиси Калисија признал дека намамил, убил 42 жени и ги фрлил нивните тела во депонија.
Сите биле убиени меѓу 2022 година и четврток, рече Амин, наведувајќи дека по апсењето, осомничениот ја водел полицијата до неговата куќа, на околу стотина метри од местото на злосторството.
Полицијата им покажа на медиумите некои од предметите за кои тврди дека биле пронајдени од домот на осомничениот, вклучувајќи 10 телефони, лаптоп, лични карти и лична женска облека.
Пронајдена е и мачета „за која се верува дека била употребена за распарчување на жртвите“, како и девет вреќи слични на оние во кои биле фрлени телата.
Полицијата од петокот ја опколи депонијата каде што беа пронајдени тела во различни фази на распаѓање.
Според полицијата, жртвите биле на возраст од 18 до 30 години и сите биле убиени на ист начин.
Полицијата соопшти дека се уште го распит осомничениот за да се утврди мотивот за убиството и дека во вторник ќе биде изведен пред судот.
„Тој е психопат, сериски убиец без никакво почитување на човечкиот живот“, изјави шефот на одделот за криминалистичка истрага Мохамед Амин.
Пронајдете не на следниве мрежи: ©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.