Кабинетот на јужнокорејскиот претседател Јун Сук-Јол денеска соопшти дека испраќањето војници од Северна Кореја во Русија е „сериозна закана за меѓународната безбедност“ и дека на тоа ќе одговорат со сите расположливи средства.
На состанокот со клучните разузнавачки, воени и безбедносни претставници, беше нагласено дека моменталната ситуација во воените односи меѓу Русија и Северна Кореја е „сериозна закана не само за Јужна Кореја, туку и за меѓународната заедница“, објави Ројтерс.
Јужнокорејските власти посочија дека е веројатно некои севернокорејски војници во Русија да се вмешани во конфликтот во Украина, но не дадоа дополнителни детали.
Украинскиот претседател Володимир Зеленски претходно ја обвини Северна Кореја дека испраќа офицери да и помогне на Русија, додека генералниот секретар на НАТО, Марк Руте рече дека во моментов нема докази за присуство на Пјонгјанг во војната, пренесува Танјуг.
Претставници на Јужна Кореја и САД изјавија дека Северна Кореја и доставува балистички ракети и друга муниција на Русија, што Пјонгјанг и Москва го негираа.
Кремљ, исто така, ги отфрли тврдењата на Јужна Кореја за испраќање воен персонал во Русија.