СЕЌАВАЊЕ: ЗОШТО СИ ГО ОДЗЕДЕ ЖИВОТОТ ЕДНА ОД НАЈУБАВИТЕ МАНЕКЕНКИ ОД МАКЕДОНИЈА во 2009?

Како ја пренесоа медиумите веста: Според првичните информации на полицијата, 36-годишната Радуловиќ се самубила со бесење на балконот. По наредба на истражен судија телото било предадено на семејството. Безживотното тело на манекенката Радуловиќ го забележале случајни минувачи, како виси на сајла од вториот кат на зградата во која живеела на улицата Трета македонска ударна бригада во Куманово.

Зад Радуловиќ ќе останат неколку македонски спотови и реклами од кои таа беше дел. Нејзината кариера се одвиваше и на пошироките балкански простори, како и во Турција и Дубаи.

СЕЌАВАЊЕ: ЗОШТО СИ ГО ОДЗЕДЕ ЖИВОТОТ ЕДНА ОД НАЈУБАВИТЕ МАНЕКЕНКИ ОД МАКЕДОНИЈА?

Како КУМАНОВЦИ си спомнуваат за МАРЧЕ ⬇️⬇️

Се сеќавам кога бев дете таа ни беше поим за убавина, сите и се восхитувавме а реално и изгради добра кариера во Македонија па и надвор од неа. Знам дека снимаше спотови некои во Турција, таму работеше како модел а потоа замина за Америка каде што исто така имаше снимано едиторијали и реклами. После некое време се повлече од манекенството, се врати во Куманово и сеуште никој незнае зошто го изврши тој грозоморен чин.

Некрофилска забава во Куманово

Анита ДИМИТРИЈЕВСКА

Видеоклипови снимени со мобилен телефон, разни фотографии и непристојни коментари во врска со самоубиството на ексманекенката Марија Радуловиќ деновиве станаа главна тема за разговор и забава меѓу кумановците.
Триесет и шестгодишната манекенка почина пред еден месец, откако со сајла завиткана околу вратот, скокна од станот во кој живееше и се обеси, а полициските екипи дури по еден час дојдоа на местото на несреќата. Во периодот додека безживотното тело на манекенката висело над улицата, кумановците направиле серија видеозаписи и фотографии кои деновиве со брзина на пандемија се шират од еден на друг меѓу жителите изнудувајќи секакви коментари.
– Видеата од обесеното тело на манекенката деновиве се главна атракција во градот. Најнепристојните коментари ги даваат децата, но сеир фаќаат и возрасните. Луѓето се тепаат кој прв да го види клипчето – раскажува една кумановка.
Таа објаснува дека и оние кои не знаеле за манекенката, сега знаат детали од нејзиниот живот, го коментираат нејзиното минато, но и ја дополнуваат нејзината животна приказна со различни пикантерии.
Од полицијата во Куманово велат дека не слушнале за контроверзните снимки, ниту, пак, некој од семејството се пожалил и побарал интервенција.
– Досега никој од семејството на манекенката не го пријавил случајот. Ако добиеме таква дојава и ако директно се посочи кој е одговорен за репродукција на видеозаписот, тогаш полицијата ќе интервенира. Во случајов не преземаме ништо затоа што никој не побарал такво нешто од нас – вели Валентина Николовска од кумановската полиција.
Во МВР велат дека ако се фатат снимателите на овие клипчиња, тие евентуално можат парично да бидат казнети, но глобите за вакви дела не се многу високи.
– Луѓето како едвај да чекаат да се случи вакво нешто. Од една страна жалат, а од друга се смеат. Проблемот е во нашиот менталитет, но и во реакциите кои ги предизвика настанот. Со ефикасна едукација во училиштата, децата треба да се воспитаат таквите настани да не им причинуваат задоволство бидејќи во конкретниов случај тие се главната популација која го дистрибуирала видеото – вели Димитар Трајковски, професор по труд и социјална политика.
Психолозите, пак, проблемот не го лоцираат во менталитетот, туку во кризата, како и во егзибиционистичкиот начин на кој е извршено самоубиството.
– Убивајќи се среде бел ден на најпрометната улица во Куманово, манекенката сакала јавно да покаже дека е егзибиционист. Телото кое висело им се чинело интересно на минувачите и тие го снимиле. Разговарајќи за видеата, луѓето сакаат да ја игнорираат кризата и да си најдат нова тема за разговор – вели психологот Верица Трајковска.
Таа предлага во училиштата, по ваквите и слични несреќи, наставниците отворено да разговараат со учениците и да им укажат на негативните последици.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.