Сеќавање на Мате Парлов – легендата на боксот

Сакаме да се сетиме на едно време, времето на легендата Мате Парлов. Пострите кои живееја во СФРЈ ќе се сетат. Сите го знаеја. Седеа до касно во ноќта кога стана светски првак. Цела држава ја стави во транс. Бевме ли супериорни? Или тој беше супериорен? Како и да е, беше тоа пред 40 и нешто години. Па ако сакате потсетете се. Или научете нешто ново (за помладите)… Важно да се нотира е дека стручњаците сметаат дека Мате Парлов беше најдобриот југословенси боксер на сите времиња.

Во кариерата имал 310 мечеви, а загубил само 12 пати и тоа на поени. Импресивен резултат. Беше шампион на Југославија во полутешка категорија осум пати (1967-1974.), пет пати шампион на Балканот (1971-1974.), два пати европски шампион (1971 и 1973) и светски шампион, во Куба во 1974 година. Беше олимпискиот победник во 1972 година во Минхен. Потоа оди во професионалци и таму ќе стане светски првак со 24 победи и 3 порази. Ненадминат резултат.

Мате Парлов никогаш не бил обичен боксер. Ниту спортист. Мате Парлов беше многу повеќе. Уште за животот беше мит, легенда. Беше прекрасен спортист, најсилниот човек на светот, а во исто време човек од народот, поет, боем, поесебен и помалку ексцентричен, човек кој го сакаше животот. Затоа масите го обожуваа и нема да се погрешиме ако речеме дека Мате беше најпопуларниот спортист на Југославија.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.